Пaд нa aкциитe нa Твитер oткaкo мy зaбpaниja дocтaп нa Трамп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Акциите на Твитер паднаа за 3,77%, односно на 49,54 американски долари веднаш по блокирањето на налогот на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, објави FOXBusiness. Падот се случи нешто повеќе од еден час по воведувањето на ограничувања за Трамп до достап на мрежата и пред затворањето на берзите во Соединетите држави.

Твитер ја блокираше личната страница на американскиот претседател поради „ризик од поттикнување на насилство“. Подоцна, на официјалниот профил на американскиот претседател Трамп беше соопштено дека тој нема да биде замолчен. Овој пост беше отстранет од модераторите на социјалната мрежа. Воедно, блокиран беше и официјалниот твитер профил од предизборната кампања на Трамп.

Твитер, Инстаграм, Фејсбук и други социјални мрежи го блокираа пристапот на Трамп до профилите и тоа за различен временски период. Причина за ваквите потези беа повиците на Трамп до демонстрантите. На 6 јануари тие извршија упад во зградата на американскиот Конгрес. Трамп ги нарече патриоти, укажувајќи изборите на кои загуби се „наместени“. Сепак, тој ги повика своите приврзаници да останат мирни, а потоа ги осуди нивните постапки.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This