Пaниka вo Битола: Двoмeceчнo бeбe пoзитивнo нa Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Битола го доби најмалиот заразен жител со ковид-19. Тоа е двомесечно бебе кое според податоците од Министерството за здравство се заразило од близок член во семејството, поточно од неговата баба која живее во друг град. Од потесното семејство на бебето, мајката е исто така позитивна на ковид-19, пишува СДК.мк.

Во моментов бебето е со лесна клиничка слика и под надзор на матичниот педијатар. Ова бебе е еден месец помало од тримесечното кое со коронавирус се зарази на крајот на август и успеа да ја победи болеста. Од ковид-19 според здравствената евиденција се имаат разболено и неколку деца, но вирусот го поминале без поголеми проблеми. Кај тригодишно дете болеста е уште во тек.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This