Пapтиcкитe вpaбoтyвaњa вo дpжaвни инcтитyции akyтeн пpoблeм

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако Владата на премиерот Зоран Заев изминатите неколку години ветуваше реформи на јавната администрација во извештајот на Транспаренси интернешенал и Државната комисија за спречување на корупцијата нотирани се 50 слабости и 150 активности што треба да се превземат со цел стручна, професионална и департизирана администрација. Изминатите неколку години партиските вработувања во државните институции се акутен проблем.

„Утврдивме голем број на проблеми кои што се вградени и кои што овозможуваат користење на дискрециони овластувања кои што овозможувааат да се применуваат постапки кои што им даваат предност на лица кои што се поврзани со одредени групи на политички партии, непотизам, кронизам а притоа не му се дава предност на квалитетот и професионализмот при вработувањата‘‘, рече Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнал на настанот „Проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување, со посебен фокус на непотизам, клиентелизам и кронизам“, во организација на Транспаренси интернешенал и Државната комисија за спречување на корупцијата што се одржа деновиве во Скопје.

Во извештајот на ДКСК и Транспаренси интернешнал се идентификувни и критикувани околу 50 слабости и 150 активности што треба да се преземат за да се воспостави системска основа за ефикасна администрација, заслужни вработувања и елиминирање на корупцијата. При анализата откриени се нефункционални институции, но и институции без вработени.

Според Билјана Ивановска од Државната комисија за спречување на корупцијата констатирани се недостатоци при вработувањата во јавниот сектор и тоа политичко влијание, партиска припадност и недоволна транспарентност во постапките за вработувања.

„Се вршеле промени во актите за систематизации со наменско креирање на работните места пред објавувањето на огласите а согласно квалификациите на лицето кое треба да биде вработено.Причините за ваквиот начин на однесување од срана на одговорните лица може да се детектираат во постоење на политичко влијание, партиска припадност, отсуство на интегритет како личен така и институционален, недоволна транспарентност на постапките за вработување, слаб надзор и контрола неказнивост итн‘, вели Ивановска.

Наспроти ваквите констатации на ДКСК и Транспаренси интернешнал вицепремиерот, Љупчо Николовски ветува бескомпромисна борба против овие појави, но притоа потенцира дека ова ќе биде процес што ќе трае со години или децении.

-Свесни сме дека непотизмот и корупцијата при вработувањата во јавниот сектор има, имало секогаш и истото нема да биде лесно да се искорени во целост, не можеме да очекуваме напредок од јавниот сектор доколу изборот не се одвива согласно највисоки стандарди и предвидени квалификации за соодветното место‘ смета Николовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This