March 28, 2024, 10:05 pm

ПEДОФИЛИJA ВО СПЦ: Српската црква тужeнa за педофилиja во Лондон, поради недоверба во домашните судови!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британскиот адвокат Младен Кесар за српскиот весник „Данас“ потврди дека  поднел тужби против Српската православна црква (СПЦ), за cekсуална злоупoтрeба од страна на српски свештеници врз шест негови клиенти.

Тужбите се поднесени во суд во Лондон и се чека да биде одреден датум за почетокот на судскиот процес.

Ниту еден свештеник нема да биде обвинет индивидуално, туку целата СПЦ, бидејќи е одговорна за постапувањето на оние, кои ја претставуваат како верска заедница. Злоупотребата се случила во Србија, Босна и Херцеговина (БиХ) и Хрватска, а шестмината тужители – два ѓакона и две жени, како и семејство на 19-годишниот студент на богословија, кој почина во 1999 година, за чија смрт мајка му го обвини пензионираниот владика Василие Качавенда, побараа правда во Лондон, бидејќи не им веруваат на домашните судови.

Весникот „Данас” побарал коментар од портпаролот на СПЦ, но не добил одговор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This