Пeдeceт илjaди oд oкoлy 180 илjaди гpaѓaни пocтapи oд 70 гoдини и co хpoнични 6oлecти ce пpиjaвилe зa вakцинaциja пpoтив Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 180 илјади граѓани се регистрирани во системот „Мој термин“ со возраст од над 70 години и хронични болести и од таа вкупна бројка 50-тина илјади се веќе пријавени за вакцинација против Ковид-19 преку сајтот vakcinacija.mk или преку матичните лекари.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека имаат и дополнителни механизми што ќе ги активираат за да се повикаат тие категории граѓани за вакцинација.

– Тоа е нешто на што и сега тимот кој е задолжен за тоа активно ги разработува сите тие механизми. Битни се неколку работи. Прво, битно е дека е исклучително висок процентот на здравствени работници кои покажаа интерес да се вакцинираат. Ние во овој следен период од не повеќе од 10 до 14 дена ќе го завршиме процесот на имунизација на сите здравствени работници, близу 4.000 кои работат со Ковид пациенти и навистина сме задоволни и од одѕивот и од тоа како се спроведува вакцинацијата. Разговаравме со директорот на Стопанска банка за тоа дека на пример интересот на здравствени работници во Грција е многу мал, околу 15 проценти и затоа сметам дека овој интерес на нашите лекари и медицински сестри е одличен сигнал кон целокупното население за да се вакцинира, посочи Филипче.

Тој нагласи дека планираат и кампањи и повици преку матичните лекари.

– Искрено верувам дека исто како што тоа го направивме минатата година кога беше епидемијата со морбили ќе го направиме и сега, додаде Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на поликлиниката Букурешт по повод донација од Стопанска банка за Здравствениот дом во Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This