Пeтминa пoчинaти oд кopoнa вo штипската бoлницa…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пет луѓе од од источниот регион на државата починаа од последици на корона вирус за едно деноноќие (двајца се од Штип, по еден од Радовиш, кочанското село Спанчево и Делчево). Пациентите починале во штипската болница, каде во моментот има 53-ца хоспитализирани, од кои 45 се лекуваат во модуларната болница, а останатите во стабилна состојба се во кожното одделение во болницата. 37 пациенти се на кислородна поддршка, а во дневната амбуланта се извршени 27 прегледи.

Од Центарот за јавно здравје-Штип денеска објавија детална анализа, според која, во Штип од почетокот на пандемијата до денес се регистрирани 5.229 позитивни лица, починати се 150, оздравени 4.895, а моментално како активни случаи се водат 186 лица. Мал дел од активните се вакцинирани и се со лесна клиничка слика, стои во анализата на ЦЈЗ-Штип.

Починати од новиот бран се 4 лица од кои 3 се невакцинирани, а еден вакциниран со две дози над 70 години со коморбидитети. Забележани се и по еден случај на новозаразени во три штипски конфекции, а заразата им е од семејни контакти.

-Во однос на возрасни групи најголем процент се над 60 год со пораст на возрасна група од 20-39 години во последните две недели. Во училиштата се поставени ковид координатори, кои се во постојан контакт со ЦЈЗ и се постапува соодветно. Во моментот има едно лице – воспитувачка во детска градинка која е позитивна на ковид, истата е ставена во изолација и изолирана е групата на деца со кои била во контакт, стои во соопштението од Центар за јавно здравје-Штип.

Почната е дезинфекцијата и дератизацијата во предучилишните и училишните установи и истата ќе биде завршена до почетокот на школската година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This