ПEKOЛHO ЌЕ РАБОТИМЕ: Ќе победиме, се обврзуваме дека ќе работиме пеколно, ја сакаме Македонија и нејзините граѓани!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ ја сака Република Македонија и ги сака граѓаните на Република Македонија и тука немам никаква дилема.

Ние нема да излеземе со понуда која опфаќа ниски страсти, ќе излеземе со понуда која што нуди решенија за граѓаните и нема да манипулираме со чувствата на граѓаните, ниту во еден случај ниту по една основа, ниту по етничка ниту по политичка, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на Македонската телевизија во емисијата „Отворена програма“.

Според него, на хартија може да се стави и најубавата басна, но потоа доаѓа момент и кога таа басна мора да стане реалност, нагласувајќи дека дури тогаш граѓаните мерат дали една политичка партија или претседател на владата има капацитет да ги реализира ветувањата или не.

Мицкоски истакна дека пред две години Заев во истото студио ветувал инвестиции и живот за граѓаните, но и после две години ситуацијата во Македонија не се променила, додавајќи дека владата на СДСМ ветувала живот а донеле пекол. Две години потоа за жал ситуацијата е траорна. Ветуваа живот, пекол донесоа, реално, вели тој. Мицкоски истакна дека со доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе ги обедини сите структури и етникуми и ќе се понудат решенија и ќе ги мотивираат луѓето кои ја напуштиле државата да се вратат назад во Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This