Пoвеќе од шeст шoлји кaфe днeвнo мoжe да имaaт нeгaтивeн eфeкт вpз мoзoкoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќето од нас сакаат да се напијат барем една шолја кафе дневно, но една нова голема студија покажа дека прекумерната потрошувачка на кафе може да го намали обемот на мозокот и на долг рок може да го зголеми ризикот од развој на болести како што е деменција.

Студијата опфатила 17.702 луѓе на возраст од 37 до 73 години, а истражувачите проучувале голем број работи кај испитаниците, вклучувајќи и некои животни навики, како што е пиењето кафе.

Резултатите од студијата укажуваат дека луѓето кои пиеле шест или повеќе шолји кафе имаат 53 проценти поголеми шанси за развој на деменција отколку луѓето кои пијат една или две шолји кафе дневно.

„Кафето е еден од најпопуларните пијалоци во светот. Меѓутоа, бидејќи глобалната потрошувачка е повеќе од девет милијарди килограми годишно, клучно е да ги разбереме сите можни импликации врз здравјето“, рече епидемиологот Кити Фам од Универзитетот во Јужна Австралија.

„Ова е најсеопфатната студија за врските помеѓу кафето, волуменот на мозокот, ризикот од деменција и ризикот од мозочен удар“, додаде таа.

Повеќе од шест шолји кафе дневно може да имаат негативен ефект врз мозокот.

„Земајќи ги предвид сите можни пермутации, откривме дека поголемата потрошувачка на кафе е значително поврзана со намален волумен на мозокот – во основа, пиењето повеќе од шест шолји кафе дневно може да ве изложи на ризик од развој на мозочни заболувања како што се деменција и мозочен удар“, вели Фам.

Епидемиологот Елина Хипанен од Универзитетот во Јужна Австралија наведува дека просечната дневна „потрошувачка“ на кафе е помеѓу една и две шолји кафе со стандардна големина, пренесува Science alert. Таа наведува дека неколку шолји кафе дневно генерално не треба да претставуваат проблем.

„Но, ако забележите дека сте почнале да пиете шест или повеќе шолји кафе дневно, треба да размислите дали навистина ви треба таа дополнителна шолја кафе“, истакнува Хипанен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This