Пoвтopнo ce oтвopaaт eдиницитe зa интeнзивнa нeгa вo Шпанија…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Делта сојот на корона вирусот прави се поголеми проблеми во Шпанија. Земјата  бележи значителен пораст на нови случаи на Ковид-19 кај млади невакцинирани лица, по трендот на опаѓање на заразени од крајот на април. Бројот на пациенти во регионите како Каталонија е двојно зголемен во споредба со крајот на јуни, а единиците за интензивна нега кои претходно беа затворени повторно се отвораат.

Директорот на Координативниот центар за здравствени предупредувања во шпанското Министерството за здравство, Фернандо Симон, предупреди дека „стапката на инциденца кај невакцинираните е до 20 пати поголема од онаа на вакцинираните“. Тој истакна дека тоа претставува ризик за останатиот дел од населението.

СЗО е децидна дека сите вакцини се докажано ефикасни против постоечките соеви и мутации на вирусот. Иако дел од студиите покажуваат дека нивната ефикасност се намалува против Делта сојот, таа е се уште доволно висока да превенира развивање на тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт.

Откако се утврди дека вирусот се пренесува помеѓу невакцинираното население, повеќе земји ги зајакнаа рестриктивните мерки кои главно се однесуваат на неимунизираните лица.v

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This