Пoглaвapoт на Aлбaнcкaтa пpaвocлaвнa цpквa Анастас Јанулатос, ja дoби 6итkaтa co Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поглаварот на Албанската православна црква (АПЦ), архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, Анастас Јанулатос ја доби битката со коронаврусот, јави албанската агенција „Балкан веб“.

– По 12 дена минати во клиника во Атина, поглаварот Јанулатос денеска треба да ја напушти болницата. Ќе остане во неговиот дом во изолација почитувајќи ги дадените препораки. Тој имаше лесна форма на болеста, наведува агенцијата.

Веста дека е заразен со опасниот вирус беше објавена на 11 ноември. Поради неговата возраст, некои хронични здравствени проблеми и прележаниот инфаркт во јуни оваа година, Јанулатос заврши на специјален третман во клиника во Атина каде беше префрлен со грчки воен санитарен авион Ц130.

Анастас Јанулатос (91) по потекло е од Грција, а во Албанија дојде по падот на комунистичкиот режим и од 1992 година беше проглаен за поглавар на АПЦ.

По 25 години престој во Албанија, и покрај доставените барања, на крајот од 2017 година, тој, конечно, доби албанско државјанство. Указот за државјанството го потпиша шефот на државата, Илир Мета.

На лекување од ковид-19 во Италија сè уште е првиот човек на албанската католичка црква, тиранскиот бискуп и тиранско – драчки епарх, воедно и Претседател на епископската конференција на Албанија, монсињор Џорџ Ентони Френдо (74).

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This