Пoдготвува ли НАТО инвазија врз Македонија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да, токму така, прашањето е сосема легитимно и не е без основ! Подготвува ли НАТО инвазија врз Република Македонија? Ако се стават работите на маса, без прикривање и дотерување на фактите, одговорот ќе биде: „секако да, можно е“, или „не е исклучено“.

Avion_NATO

 

 

Но, од каде ваква помисла? Истата се наметнува од неколку непобитни сознанија. Прво, загребски „Вечерњи лист” неодамна објави ексклузивна информација во која се вели дека министрите за надворешни работи на Алијансата на еден од последните состаноци на министерско ниво донеле таен документ (!) што предвидува „НАТО да да може воено да интервенира во Западен Балкан да спречи мултиетнички судир и да промовира безбедност”. Замислите каква слобода си зема тој фамозен НАТО: се замислува како врховен арбитар на меѓународен план и таа дружина ќе оценува дали некаде има етнички проблеми за да ги решава и демек ќе промовира безбедност (не дај Боже да промовира безбедност како што го сторија тоа во Либија каде по илегалната интервенција, без одлука на Советот за безбедност на ОН, буквално целосно ја уништија земјата за да наметнат квази НАТО-вредности (?), каква иронија!!!

Втор аргумент како основа на нашите сомнежи е посетата на директорот на ЦИА Џеф Бенет на Тирана! Од кога се прозре вистинската намера на таа посета, во медиумите подоцна почнаа да се пласираат пуфки дека Бенет, наводно, го информирал албанското државно раководство за можни терористички напади во Албанија. Булшит, што би рекле американците. Па такви информации подземните (демек тајните) служби си ги споделуваат со воспоставена рутинска комуникација на размена на информации и не морал Џеф Бенет да се забере од Вашингтон тој лично да информира. Со право треба да се има пред очи дека главна тема на разговорите на Џеф Бенет била МАКЕДОНИЈА, односно можноста за избивање нереди, па дури и оружени инциденти како резултат на крадењето на изборните резултати во нашата земја во што до гуша е вмешана Америка и неколку членки на НАТО.

Освем тоа, колку за потсетување: кога минатата година на 9-ти мај се случи агресијата во кумановската Диво Насеље, членката на НАТО Бугарија постави цела дивизија војска со полно вооружување на границата со Македонија! Зошто? Да не ќе да беа донесени војниците на нашата граница на пикник со сендвич и сокче, или намерата на таа операција беше друга, а тоа е: ако се укаже потреба, според оценките на НАТО, да влезе во Македонија и да „промовира безбедност” (повторно според речникот на НАТО). А како Бугарија промовира безбедност ние Македонците многу добро знаеме. Го искусивме тоа и во Првата и во Втората Балканска војна, а особено во текот на бугарската фашистичка окупација во текот на Втората светска војна.

Бугарија и не крие дека сака да анексира делови од Македонија – ако не цела, барем две третини и веројатно нема да се двоуми да падне во такво искушение доколку НАТО, т.е. Американците ѝ дадат можност да го стори тоа. А таквите сцeнарија сѐ повеќе од очигледни: со окупација на Македонија и нејзина поделба меѓу соседите ќе исчежне Македонија од политичката и географската карта на Европа, а со тоа ќе исчезне и горливото Македонско прашање.

Но, со право се поставува прашањето: Што да се прави? Што мерки да преземат нашите избрани државници да се спасиме од ова премрежје. Мислам дека најитно треба да најавиме мораториум на нашата кандидатура за членство во НАТО и да објавиме воена НЕУТРАЛНОСТ (што ќе мораат да ја почитуваат) и треба да очекуваме усвитените глави на НАТО-вци троа да се оладат и трезвено и одговорно да се однесуваат кон нашата земја која од првиот ден на независноста објави и адекватно се однесуваше како нејзин најлојален сојузник! Не е лошо да се преиспита и СОФА аранжманот со НАТО поаѓајки од нашите национални интереси, па и да наплаќаме за користењето на нашите сообраќајници, помеѓу останатото, се разбира.

Да се вратиме на почетокот од текстот. Зошто укажуваме на можност за инвазија на НАТО врз Македонија. Еве зошто, проста анализа на состојбите во „критичните” држави каде е можна дестабилизација по етничка основа укажува на следното: а) Во БиХ, каде има етнички сериозни проблеми веќе е присутен НАТО (СФОР) и според Дејтонскиот мировен договор тие имаат право да интервенираат кога сакаат – според нивна оценка; б) Koсово, исто така е исклучено бидејќи и таму веќе e присутен НАТО (КФОР); в) Црна Гора, мали се можностите да се случи такво нешто, барем не за догледно време и, сакале ние да признаеме или не, останува како; д) Македонија каде се поагресивните албанска партии, пред се „Беса” се поотворено заговараат прекомпонирање на Македонија, федерализација, па и приклучување кон Албанија. „Беса“, дури вакви заложби заговара и во својот статус и се прашувам кој /не/нормален дозволи ваква збирштина да биде и официјално регистрирана како партија.

Наместо заклучок: После сѐ што ни се случуваше овие две години со обилна помош од странство, дојдено е времето за трезнење (се надевам не е предоцна) на Македонецот бидејќи нашиот опстанок е во прашање!!!

Затоа да се заложиме за нови и чисти парламентарни избори, приближување (а зошто да не и коалиција) меѓу македонските партии и создавање на одлучен народен фронт за одбрана од агресијата однадвор и од внатре за да си ја зачуваме татковината. Во спротивно…

Патем, мораме да издржиме уште дваесетина дена па да се надеваме дека со новата администрација на претседателот Доналд Трамп ќе преовладее разумот во институциите во Вашингтон, за разлика од агресивноста што ја наметна на меѓународен план администрацијата во заминување на добитникот на Нобеловата награда за мир Барак Обама.

Ѓорѓи Поповски
за МКД.мк

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This