Пoзитивeн Koвид тecт гo oдлoжи мeчoт Македонија – Италија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Натпреварот помеѓу репрезентациите на Македонија и на Италија кој е дел од квалификациите за настап на ЕП 2022 е одложен, поради позитивен ковид-тест во таборот на нашиот национален тим.

Раководството на нашата федерација доби информација од ФИБА дека поради позитивни случаи на присуство на коронавирусот кај најмалку еден кошаркар, комплетниот наш тим ќе мора да направи уште еден PCR тест.

Така, натпреварот кој беше предвиден од 15:00 часот нема да започне и за него ќе се бара нов термин во „балонот“ во Талин, или, пак, воопшто нема да се игра во овој прозорец. Се ќе зависи од резултатите на останатите членови на екипата.

Повеќе детали за новонастанатата ситуација ќе бидат достапни во текот на денот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This