Пoликлиникaтa вo Ѓорче Петров ќe бидe тpиjaжeн цeнтap зa цeлo Скопје?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште една надежна, засега неофицијална вест од здравствените власти – поликлиниката во населбата Ѓорче Петров во почетокот на следната недела би можела да стане тријажен центар за цело Скопје.

Плусинфо неофицијално дознава дека оваа инцијатива на медицинските експерти сериозно се разгледува и дека уште в понеделник би можела да биде донесена позитивна одлука.

Станува збор за голем објект, во кој можат да се обезбедат услови за првичен преглед на сите заразени со ковид-19, утврдување дијагноза, проценка на нивната здравствена состојба и нивно натамошно упатување било на домашно лекување или во соодветна ковид-болница.

Во медицината под поимот тријажа се подразбира распоредување и групирање на болните во групи, според природата на болеста и раните, како и според обликот и итноста на медицинската помош што треба да им се укаже.

Во моментов, тријажата е еден од покрупните проблеми со кои се соочуваат инфективните одделенија, односно ковид-болниците во Скопје, каде што секојдневно пристигнуваат пациенти упатени од матичните лекари и од други болници од цела Македонија, најчесто со неутврдена клиничка слика. Објективната клиничка слика на пациентот е ваѓна за неговото натамошно лекување, а се утврдува со преглед кај инфектолог, со крвна слика со клучните параметри, со рентгенска снимка и со слични постапки.

Тријажниот центар во Ѓорче Петров ќе овозможи таков брз и ефикасен првичен прием на пациентите, нивно групирање според дијагнозата и клиничката слика и упатување во соодветните здравствени установи, или упатување на домашно лекување со соодветна терапија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This