Пoлицијaтa во Хонг Kонг употреби вoдeни тoпoви пpoтив дeмонcтpaнти и новинари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата во Хонг Kонг денеска употреби водени топови за да растера помали групи демонстранти, а на мета биле и новинари.

Биле уапсени 30 лица во протестите кои се одржуваат еден ден по усвојувањето на законот за национална безбедност од страна на кинескиот Парламент. Демонстрантите се собрале во трговскиот кварт на Хонг Kонг.
Голем број полициски сили се распоредени денеска низ улиците на градот по повод 23-годишнината од враќањето на некогашната британска колонија под управа на Кина. Кинеските власти првпат оваа година го забранија традиционалниот марш во Хонг Kонг по повод овој настан.

Парламентот во Пекинг вчера го усвои спорниот закон за национална безбедност, со кој се казнуваат субверзивни активности, сецесии, тероризам и договарања со странски сили. Со овој закон кинеското правосудство ќе биде надлежно за „тешки“ кршења на безбедноста, а за таквите дела е предвидена доживотна затворска казна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This