Пoлициjaтa co пoлни paцe paбoтa: Peгиcтрирани повеќе тeпaчки и нaпaди нa тepитopиja нa Македонија – ова се деталите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 07.05.2021 во 21.30 часот било пријавено дека во с.Љубанци, скопско, по претходно меѓусебно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу И.О.(45) и А.Т.(27), од една страна и С.К.(25) и Љ.К.(60), од друга страна, сите од с.Љубанци. Сочинети записници по чл.11 од ЗППЈРМ.

На 07.05.2021 во 21.25 часот А.Б.(46) од Тетово пријавил дека на ул.„Маршал Тито” во Тетово бил физички нападнат со тврд предмет од Н.Ј.(35) и уште неколку лица од с.Селце. Се работи на расчистување на случајот.

На 07.05.2021 во 17.42 часот било пријавено дека во Скопје, на подрачјето на Радишани, Љ.Н.(66) од Скопје бил физички нападнат со тврд предмет од М.С. Се работи на расчистување на случајот.

На 07.05.2021 во 22.55 часот В.М.(30) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Центар била физички нападната од Н.Н.(30) од Скопје. Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

На 07.05.2021 во 12.40 часот од полициски службеници од Полициската станица Пробиштип бил лишен од слобода Г.Ѓ.(42) од Пробиштип, поради тоа што физички нападнал четири лица. За настанот бил известен Јавен обвинител, а лицето е пренесено во Психијатриска болница „Негорци” за укажување на лекарска помош.

На 07.05.2021 во 14,40 часот И.К.(34) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетни лица. Се работи на расчистување на случајот.

На 07.05.2021 во 14.30 часот во СВР Велес Д.Д.(43) од Велес пријавил дека во близина на автобуската станица во Прилеп бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This