Пoтвpдeни 20-тинa coeви нa кopoнaвиpycoт вo Македонија oд пoчeтoкот на eпидeмиjaтa, eвe дали бpитaнcкиoт e мeѓy нив

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство информира дека заклучно со 11 јануари 2021 година не е утврдено присуство на SARS-CoV-2 вирусот од Велика Британија во нашата земја. Овие наоди се базирани на податоците од лабораторијата на ИЦГИБ-МАНУ добиени при анализа на геномите на близу 180 SARS-CoV-2 вируси кај пациенти од Република Македонија дијагностицирани во периодот јуни 2020 – 11 јануари 2021 година.

Во лабораторијата во Македонска академија на науките и уметностите се врши секвенционирање на целиот геном на вируси детектирани кај пациенти со КОВИД-19 од нашата држава со цел да се утврдат соевите на вирусот кои циркулираат во нашата популација, начинот на нивното ширење и можната корелација со различната клиничка презентација на болеста. Последните податоци се однесуваат на анализа на 50-тина геноми во периодот декември 2020 – 11 јануари 2021 година.

Од Министерството соопштуваат дека од почетокот на пандемијата досега се анализирани близу 180 вирусни геноми при што е утврдено присуство на 20-ина соеви на вирусот.

Соевите се изолирани од пациенти од различни градови од државата. Од присутните соеви на вирусот, два (B.1.1 и B.1.1.70) се доминантни во нашата популација, присутни кај >75% од пациентите. И двата соја се присутни од почетокот на пандемијата, од кои B.1.1 сојот (присутен во цела Европа, а со највисока застапеност во Грција, Италија, Австрија, Шведска, Турција, Русија итн) има стабилна фрекфенција, додека фреквенцијата на B.1.1.70 сојот (присутен со повисока фреквенција во Србија, Хрватска, Косово) се зголемува во последните месеци и во моментот е доминантен кај анализираните пациенти.

Ова зголемување кај B.1.1.70 сојот корелира со присуство на дополнителна мутација (Q677H) во -S-генот (spike протеинот) на вирусот која е за првпат детектирана во јуни 2020 кај пациент со COVID-19 од Охрид и овој варијантен сој е доминантен од месец ноември наваму во нашата земја. Истиот во меѓувреме е детектиран со ниска фреквенција и во неколку други земји, меѓу кои Швајцарија и Данска. И покрај тоа што не се направени функционални испитувања на оваа варијанта, согласно епидемилошките податоци за стивнување на епидемијата во нашата земја во последниот период, се претпоставува дека варајантниот сој не е поврзан со зголемена трансмисивност ниту пак со тежината на клиничката слика на заболените.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This