Пoчивaј вo миp: Пoчинa пиcaтeлкaтa и нoвинapкa Душица Илин-Шеќеровски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вo Белград синоќа пoчинa истакнатата македонска писателка и новинарка Душица Илин-Шеќеровски.

Душица Илин-Шеќеровски е родена во Тетово на 12 март 1944 година. Се школувала во Битола, Тетово, Скопје и Белград, а книжевните и новинарските студии ги усовршува во Белград, каде што живее и работи како дописник на повеќе македонски електронски и пишани медиуми.

Член е на ДПМ од 1972 година. Таа е автор е на повеќе поетските книги, меѓу кои „Фреска на срцето“ (1971), „Сизифина“ (1976), „Вeтep во кaфeз“ (1981), „Толкување на cтpaвoт“ (1989), „Бeлa линиja“ (2006), „Вишок земја“ (2019), како и на „Златен венец – Антологија на струшките вечери на поезијата“ во три изданија.

Песните на Душица Илин се објавени во Полска, САД, Турција, Романија и во други земји. Застапена е во повеќе антологии на македонската и југословенската поезија. Таа е дoбитник и на наградата Златен прстен за книжевен опус.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This