Пoчивaj вo миp: Нajcтapиoт Израелец пoчинa нa 117 гoдини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шломо Сулејман, најстариот Израелец, почина вчера на 117 години, објавија денеска израелските медиуми.

Тој починал опкружен од членовите на семејството, шест деца и десетина внуци, правнуци и чукунвнуци.

Сулејман со сопругата и четирите деца во 1949 година пристигнал во Израел од Јемен. Другите две деца се родени во Израел. Тој со семејството живееше во приморскиот град Натанија и по отслужувањето на воениот рок работеше како земјоделец. Неговата сопруга почина пред неколку години на 94–годишна возраст.
Внукот на Сулејман, Гил Радиа изјави дека неговиот дедо секој ден одел во синагога и оти до последен момент бил со бистар ум. Тој истакна дека тајната на долговечноста на Сулмејан била малку храна и физичка активност. Поради пандемијата со Ковид-19 последните месеци не го напуштал домот.

Сулејман, како што тврди семејството, роден е во 1903 година, со што беше и еден од најстарите луѓе во светот.

Највозрасна во светот во моментот е Јапонката, Кане Танака која има 117 години и 283 дена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This