April 25, 2024, 11:34 am

Пoчинa Златко Портнер, члeнoт нa лeгeндapнaтa paкoмeтнa гeнeрaциja нa Југославија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Легендарниот југословенски ракометар Златко Портнер ненадејно почина во 59 година од својот живот.
Членот на легендарната југословенска генерација од осумдесетите години на минатиот век кариерата ја почна во Хртковци, потоа играше во Црвенка, за во 1982 година да дојде во Шабац каде стана член на легендарната генерација на Металопластика со која два пати го освојуваше Купот на шампионите (1985 и 1986 година).

По Металопластика каде играше заедно со Вујовиќ, Исаковиќ, Рниќ, Башиќ, се сели во Барселона и во 1991 година триумфира и во Купот на Шампионите. По две години поминати во Франција, Портнер кариерата ја заврши играјќи за неколку швајцарски клубови до 2002 година.

Како член на репрезентацијата на Југославија, Портнер освои злато на Светското првенство во 1986 година во Швајцарија и бронза на Олимписките игри во Сеул во 1988 година. Неговиот син златко продолжи по стапките на неговиот татко и во 2019 година со Монпелје ја освои Лигата на шампионите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This