Пoчинa „Мама Paмбo“: Мajкaтa нa Сталоне гo зaгyби живoтoт нa 98 гoдини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Џеки Сталоне почина на 98 години, а тажната вест ја потврдија пријатели блиски на семејството.

Детали за смртта на мајката на познатиот холивудски актер Силвестер Сталоне (74), Џеки не се познати.

Таа е родена како Жаклин Френсис пред 98 години во Вашингтон, а на само 15 години избегала од дома.

Сѐ до смртта вежбаше и често објавувала видеа на својот Инстаграм во кои крева тегови, а честопати истакнуваше дека се чувствува многу младо. Таа сакаше да изгледа што е можно помладо, па направи многубројни пластични операции, кои ѝ го уништија изгледот.

Таа неодамна во едно интервју призна дека е свесна колку лошо изгледа поради сите корекции на кои се подложила.

– Се чувствувам како верверица со уста полна со лешници. Јас сè уште ги користам сите можни средства за да изгледам колку што може подобро, но ми се чини дека постигнувам спротивен ефект. Премногу пати сум бил на вбризгување инјекции со филер и затоа сега изгледам како верверица – рекла Џеки.

Самата себе се нарекуваше „Мама Рамбо“, „Мама Сталоне“ и „Мама Роки“ и со тоа им оддаде почит на акционите улоги на нејзиниот син Силвестер, кои ги обожаваше.

Зад себе ги остави сопругот Стивен Маркус, синовите Силвестер и Френк Сталоне, како и многу внуци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This