Пoчинa уште еден млад ракометар од Охрид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со длабока тага и неверување ја добивме веста за смртта на нашиот Јован Николоски. Јован имаше само 17 години, настапуваше во младинските категории. Сочувство до семејството од играчите и управата на клубот, почивај во мир, ќе те паметиме засекогаш, пишува во објавата на ракометниот клуб ГРК Охрид. Николоски почина во сообраќајка која се случи вчера утрото кај селото Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево.

МВР соопшти дека патничко моторно возило „киа соренто“ со охридски регистарски ознаки управувано од 17 годишен малолетник од село Лешани, општина Дебарца излетало од патот.

Во сообраќајната незгода еден малолетник на 17 годишна возраст е тешко повреден, а Николоски почина.

Тој настапуваше за младинските категории на РК Охрид, а раководството на „сино-белите“ вчера попладне ја потврди трагичната вест.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This