Пoчнaa и co хeликoптepи да одат на пpoмoции..: Заев и Филипче со „државни крилја“ на обичен настан во Прилеп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев на новинарско прашање потврди дека денес летал со хелихоптер, заедно со министерот Венко Филипче до Прилеп и сето тоа на државна сметка за некоја промоција.

Ова е голем скандал, бидејќи одат на промоција, а не по некоја итна државничка работа. Или, расипништво на сметка на народот, во моменти кога многу луѓе се борат за живот, а вакцини нема или нешто што пристигнаа сега, но животи згаснуваа. А, можеби на многу од нив им требаше брз превоз до болница, но тоа не им беше удоволено, поради што и згаснаа нивните животи.

Однесувањето во стилот „што ми е гајле за рајата, ние сме власта и ни се може“ го покажаа и претходно со возеењето скапи мотори кога умираа луѓе. Други, пак, многу се измориле и побрзаа да летнат по Дубаи и Мексико. А што да кажат докторите кои не изглегле цела година од болничките сали и соби, притоа гледаат како многу луѓе го напуштаат овоземскиот свет со многу лични и сјемени драматични моменти. Зарем тие не се изморени, и физички и психички?!

Значи, овие другите се измориле од како да зарботат на сметка на држвата, од народот, додека оние што спасуваат животи и се жртвуваат, не се изморени.

Денес отридовте во Прилеп за некоја промоција, каде што има 310 луѓе починати од коронавирусот, за ниту еден од нив не полетал хелихолтер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This