Пo пayзa oд peчиcи eднa гoдинa: Дeнec пoвтopнo ќe ce cocтaнaт мaкeдoнcкитe и бyгapcкитe иcтopичapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонските и бугарските историчари денеска по пауза од речиси една година повторно ќе се состанат за да го продолжат дијалогот, кој се води во рамки на Билатералната мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања.

Десеттата средба е прва средба на Комисијата оваа година, последната се одржа во ноември минатата година, а во јуни Комисијата одржа еден виртуелен состанок на кој се дискутираше за содржината на записникот од деветата средба.

Заедничката македонско-бугарска комисија досега успеа да постигне одреден напредок во однос на античкиот период и средниот век, но не и согласност околу прашањето за Гоце Делчев. Досега, за период од две години Комисијата има препорачано заедничко одбележување на пет историски личности од значење за историјата и културата на македонскиот и бугарскиот народ, но и за другите народи на Балканот и во Европа – Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и цар Самуил. Усвоени за препораки и за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во земјава и петти клас во Бугарија, кои се однесуваат на античкиот период од минатото, како и препораки за подобрување на учебниците за 7одделение/6 клас.

Работата на Комисијата не успеа целосно да ги одбие притисоците на дневно-политичките-случувања изминатите две години. Врз нејзината работа се одрази усвоената рамковна позиција на бугарската Влада на само една недела пред Европскиот совет на 17 октомври лани да донесе одлука дали Македонија и Албанија ќе добијат датум за почеток на преговорите.

Дебатата за македонскиот јазик се разгори уште минатата година, откако МАНУ лани кон крајот на годината ја усвои Повелба на македонскиот јазик, а на тоа БАН реагираше со оценка дека станува збор за документ што е неточен и неприфатлив и им наштетува на односите меѓу двете соседни земји, како и дека официјалниот јазик во Македонија е пишан регионален стандард на бугарскиот јазик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This