Пocлeднaтa нaдeж зa ЕУ нa Османи e кaj бyгapcкиoт пpeтceдaтeл Радев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Можноста да се добие почеток на преговори за членство на 24 и 25 јуни на Самитот на лидери на ЕУ е теоретска, имајќи предвид дека во моментот во Бугарија има комплексни политички услови и контекст, и единствено претседателот на државата има целосен политички мандат и можност да се повлече ветото, односно да се донесе одлука на самиот Самит на лидери, изјави денеска на прес-конференција шефот на дипломатијата Бујар Османи.

– Тоа не е прашање дали сум јас оптимист или не, туку е прашање на констатација на Европската комисија, на сите 26 земји членки. Еве денеска пред вас и министерката за надворешни работи на Шведска рече дека Македонија треба да ги почне преговорите. Оттука, ова е прашање на ЕУ што понатаму со процесот, но имајќи предвид дека тоа е во стратешки интерес и на Бугарија дека сепак ќе се рефлектира и ќе се даде тоа зелено светло на 24 и на 25 јуни – посочи Османи.

Осврнувајќи се на посетата на Бугарија, Османи рече дека е воспоставен отворен дијалог меѓу двете страни по однос на сите разлики и оти го споделиле ставот дека португалскиот предлог е најдоброто решение што ги адресира и барањата на Бугарија и очекувањата на Македонија, но исто така и очекувањата на земјите членки на ЕУ.

Шефот на дипломатијата рече дека размениле идеи како да се дојде до крајно решение, како да се надминат одредени разлики што постојат во однос на содржината на патоказот, како и разлики по однос на позицијата на патоказот во самиот процес на преговори.

– Прашувате зошто не зборуваме јавно за тие идеи. Затоа што тие се сè уште предмет на идеи што се разменети од двете страни и сè додека нема сигнали од која било страна дека која било од разменетите идеи може да биде основа за надминување на разликите, сепак остануваат само предлози, само идеи, што мислам дека не треба да бидат предмет на јавна дебата, туку сè уште на ниво на дипломатска комуникација, бидејќи таквите процеси бараат таков пристап. Но, бидете сигурни дека доколку има најмала индикација дека која било идеја може да прерасне во основ за надминување на разликите, прво ќе биде информирана јавноста пред ние да заземеме каков било став – дециден е Османи.

Шефот на дипломатијата, во однос на прашањето за јазикот, рече дека тоа прашање го третира португалскиот предлог.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This