Пocлe вakцинaциja, peлaкcациja: Бecплaтeн џoинт зa cитe вoзpacни вakциниpaни во Вашингтон пpoтив кopoнaвиpycoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бесплатен џоинт марихуана ќе добијат возрасните во Вашингтон откако ќе се вакцнираат против коронавирусот.

Државниот одбор за алкохолни пијалоци и канабис објави дека кампањата наречена „Џоинт-за-вакцина“ стапува во сила веднаш и ќе трае до 12 јули, објави Њујорк тајмс.

За луѓе постари од 21 година, продавниците со канабис ќе обезбедат еден џоинт кога ќе ја примат првата или втората доза на вакцината. Акцијата се однесува само на цигари од марихуана, а не на други производи од канабис.

Во Вашингтон, околу 58 проценти од луѓето досега примиле една доза, а 49 добиле друга доза.

Слична акција најави и федералната држава Аризона.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This