Пocтигнaт e дoгoвop зa пoдoбpyвaњe нa cocтojбaтa co oткyпoт нa тyтyн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа соопшти дека е донесен договор за подобрување на состојбата со откупот од тутунот кој бил потпишан од сите присутни.

„После неколкучасовна дискусија помеѓу тутунарите и откупните компании, на која учествував и јас заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски денеска во Прилеп постигнавме договор. Според него:

1. Сите откупни линии непречено да вршат откуп на тутун;
2. Во последниве два дена има подобрување на откупот и сите откупувачи се согласни да продолжат и да воспостават флексибилна линија, со тоа што реално ќе се проценува тутунот;
3. Секој ден, министерот Хоџа на транспарантен начин ќе ја објавува откупената количина на тутун и по која цена;
4. Во моментот кога ќе има откупено 75% од вкупната количина, ќе се одржи заеднички состанок на кој ќе се договори решение за откуп на вишокот тутун, за кој првично има согласност од откупните компании дека ќе биде откупен“, соопшти Хоџа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This