April 20, 2024, 12:43 pm

Пoeвтин е бугapcкиoт пacoш: Kaзни од 5.000 и 7.000 евра за пaлeњeтo нa бугapcкото знaмe вo Beвчани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство Струга, по спроведена претходна постапка, поднесе Предлог за издавање казнен налог за три лица за кривично дело – Повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик.

Обвинетите, на 14 јануари, за време на самоиницијативниот собир на граѓани по повод верскиот празник Св.Василиј во Вевчани, со намера за исмејување јавно го изложиле на подбив знамето на Република Бугарија. Еден од нив го запалил знамето, а останатите двајца го кревале и замавнувале со запаленото и подгореното знаме.

-Јавниот обвинител на Основниот суд во Струга му предложи на првообвинетиот да му изрече парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 70 евра во денарска противвредност, додека за останатите двајца обвинети се предложени парични казни од по 100 дневни глоби од по 50 евра во денарска противвредност, се вели во соопштението од Обвинителството.​

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This