March 28, 2024, 12:22 pm

ПOMOЛЕТЕ СЕ ЗА ЗДРАВЈЕ: Moлитва кон Свети Василиј Острошки Чудотвopeц

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Свет оче Василиј, силен помошнику и милосрден заштитнику, почуј ги и сега нашите молитви, солзи и воздишки.
Како добар пастир што ги бара залутаните овци и за нив страда, собери нѐ околу твојот кивот и со твоите чудотворни поуки поучи нѐ да ти благодариме и да Го славиме Отецот Небесен.

Нашите души во пороци се ма.чат, но и плачат како заблудениот син што од својот татко прошка барал, но и како жената што откако се препнала ги признала своите г.ревови.

Согрешивме многу, од знаење и незнаење согрешивме, со горди мисли и себично срце, со дело и збор, но и со неправење на многу добри дела. Затоа, погледни на нас ра.нетите и во г.ревот и.зобличените.

Погледни и ублажи ги нашите б олки и ст.радања на душата и телото, и дарувај ни го изгубениот мир, братската љубов и радоста небесна.

Те молиме, повикај ги сите светии од нашиот род, сите свети ма.ченици, праведници и преподобни, и заедно со нив моли Го Господа, Кого во Пресвета Троица Го славиме, да ни подари прошка на гр.евовите и да нѐ спаси од адската поги.бел, та покаени и поучени да можеме тебе да те величаме, и со тебе да Го славиме беспочетниот Отец со единородниот Син и живототворниот Дух, сега и секогаш, и во вечни векови.

Амин.

Тропар на св. Василиј Острошки, гл. 4

Од младоста своја сиот себеси на Господа се предаде,

во молитва, труд и пост пребивајќи, оче богоносен.

Образ на добродетелта му беше на своето стадо духовно;

гледајќи го твоето благопроизволение, за пастир на Својата Црква

и добар архиереј Бог те постави, а по твоето упокоение

твоето свето тело го сочува нераспадливо, свети Василиј.

Затоа, заради твојата смелост пред Него,

моли Го Христа Бога да ги спаси душите наши.

Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир Успение на Пресвета Богородица и прими монашки чин.

Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, сè потежок и потежок. Подоцна го посветија за епископ Захумски и скендериски, против неговата волја.

Како архијереј, прво живееше во манастирот Тврдош и оттаму како добар пастир го утврдуваше своето стадо во православната вера, чувајќи го од турската свире.пост и од латинското лукавство.

Кога непријателите многу го притеснија, а Турците го разо.рија Тврдош, се пресели во Острог, каде што строго се подвизуваше, оградувајќи го своето стадо со непрестајни молитви. Се упокои мирно во Господ во 16 век. Неговите мошти останаа цели и исцелителни, нераспадливи и чудотворни до денешен ден.

Чу.дата на гро.бот на свети Василиј се безбројни. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и наоѓаат исцеленија во најтешките ма.ки и б олести. Секоја година на Педесетница во Острог се случува голем народен собир.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This