Пopaнeшниoт бyгapcки пpeтceдател Плевнелиев го oдбил Борисов дa бидe пpeтceдaтелски кaндидaт нa ГЕРБ зa избopитe вo нoeмвpи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот бугарски претседател, Росен Плевнелиев, го одбил предлогот на партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, да биде нивни кандидат за претседател на изборите во Бугарија на 14 ноември, изјави самиот тој за телевизијата „Бугарска On Air“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Плевнелиев, кој беше претседател на Бугарија од 2012 до 2017 година, остварил телефонски разговор со поранешниот премиер Борисов.

Пред два месеци, Плевнелиев разговарал со Борисов кога искрено и чесно му кажал зошто не може да биде претседателски кандидат на ГЕРБ.

Тој ја смета за неуспешна стратегијата на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, да се соочи во претседателската битка со Румен Радев. Според него, предложениот кандидат на поранешната владеачка партија задолжително треба да биде натпартиски и го повика Борисов да не ја повтори грешката со кандидатурата на поранешната претседателка на Националното собрание, Цецка Цачева, која беше претседателски кандидат на ГЕРБ во 2016 година, кога победи Румен Радев.

Плевнелиев не ја пропушти шансата да го нападне Румен Радев, нарекувајќи го популист.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This