March 28, 2024, 11:10 pm

ПOTOП ВО ВЛАДАТА: Француска ексминистерка се пофали дека ги блокиpaла Македонија и Албанија за ЕУ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Натали Лоазо, донеодамнешна министерка за европски прашања на Франција, а сега кандидатка за член на Европски парламент, во интервју за телевизијата РТЛ се пофали дека ги блокиpaла Македонија и Албанија за членство во ЕУ.

„Кога бев државна министерка за европски прашања, токму јас го блокиpaв проширувањето со Албанија и со Северна Македонија“, е изјавата над видеото од интервјуто за РТЛ на Лоазо, која самата ја издвоила на својот профил на Твитер.

При крајот на своето министерување, кое заврши на 27 март годинава, Лоазо на 26 февруари ја посети Македонија, а потоа во интервју за весникот „Ла кроа“ ќе нагласи: „Поставувањето датуми однапред нема смисла. Македонските власти го знаат тоа и велат: ‘Не е момент да заспиеме’. Досега сите нивни напори беа вложени во Преспански договор. Ние сме само на почетокот на реформскиот процес“.

Лоазо ја предводи листата за евроизборите на владеачката партија на францускиот претседател Емануел Макрон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This