ПOTOП ЗА ВЛАСТА: СДСМ за година ипол изгyбилe дури 40 проценти од гласовите споредбено со локалните избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Темелната анализа на емисијата 360 степени на телевизија Алсат М за освоените гласови на заедничкиот кандидат на СДСМ, ДУИ и околу 30тина други политички партии покажуваат дека Стево Пендаровски во првиот круг од претседателските избори освои 323,846 гласа, ако се земат во предвид резултатите на СДСМ, ДУИ и ДПА на локалните избори есента 2017 година зaгyбaтa на гласови кај власта за само година ипол изнесува 40 проценти од тогаш 523,170 освоени гласови.

Ако пак резултатот од првиот круг на претседателските избори се спореди со резултатот од предвремените парламентарни избори во 2016 година разликата е уште поголема од тогашните 551,953 гласа за СДСМ, ДУИ и ДПА.

Според анализата во 63 општини каде што Македонците се мнозинство или се најголема етничка група убедливо победува кандидатот за претседател поддржан од опозициската ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, односно според податоците од изборите објавени на Државната изборна комисија Сиљановска освоила 290,047 гласа, додека пак Стево Пендаровски во истите тие 63 општини освоил 264.672 гласа , односно 25.000 гласа помалку од Сиљановска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This