ПOTPECHO CBEДОШTBO: Млада девојка од бoлничkи кревет, опиша како почнало се, од првиот cимптом на кopoнавирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имам 26 години. Немам претходни автоимуни и респираторни болести. Тренирам шест пати неделно, не пушам. Мислев дека мојата улога во актуелната здравствена криза е да бидам сојузник на старите и болните. Сега сум во болница поради КОВИД -19.

Во петокот, на 13 март, само неколку часа откако одлучив да почнав да практицирам социјална дистанца, поради здравјето на другите, добив треска и главоболка. Не мислев на најлошото, но за секој случај, партнерот и јас спиевме во одделни соби. До утрото, почнав да кашлам. Во неделата ми биле подобро и треската исчезна. Бев среќна мислејќи – па иако е коронавирус, ќе останам дома, зошто слушнав дека луѓето како мене немаат причина за загриженост. Ја планирав работата за следниот ден, се туширав.

Среде ноќ се разбудив со треска, почнав да повраќам, не можев да вдишам. До понеделникот не можев речиси ништо да изговорам, а да не се борам за здив. Не можев да одам до тоалетот дишев како да сум истрчала километар. Во понеделникот вечерта се обидов да јадам, но не можев и да дишам и да јадам. Секоја задача беше напната – ресетирање на пасвордот за да можам да комуницирам со лекарот, не можев да дишам.

Бројни се причините зошто не сакав во болница. Кога се јавив на 311 за да прашам за тестот, ми рекоа дека лицата со симптоми на КОВИД -19 мора да останат дома. Го слушнав тој совет на друго место и сакав да направам се да го намалам ширењето на вирусот. Бев и свесна дека многу луѓе, со загрозено здравје, треба да одат во болница. Конечно и покрај тоа што тешко дишев, дел од мене веруваше дека ќе бидам добро, зошто сум млада и здрава.

И додека мене ме шокираше развојот на симптомите и на крајот хоспитализацијата, лекарите и сестрите не беа изненадени. Кога дојдов, дознав дека во собата до мене лежи 30-годишник, апсолутно здрав освен што има коронавирус САРС-КОВ-2, но и тој не може да дише. Ми рекоа дека доаѓаат се повеќе пациенти на мои години и навистина сум му благодарна на парнерот која ја повика болницата кога дишењето ми се влоши, а докторите рекоа да дојдам. Штом ми дадоа кислород, ми беше полесно. Бев среќна што дојдов во болница на почетокот на кризата па ја добив потребната нега.

Има многу причини миленијалците да почнат сериозно да го сфаќаат КОВИД-19.

Како една од најголемите генерации во САД, може да имаме големо влијание на текот на оваа пандемија. Бидејќи се претпоставува дека многу заразени миленијалци нема да покажуваат симптоми, нашето социјално дистанцирање е пресудно за здравјето на најранливото население и може да има големо влијание на „израмнување на кривата“.

За жал, добар дел од нашата генерација – дури и некои помлади од нас -не ја сфаќаат сериозно оваа криза со јавното здравје. Продолжуваме да се собираме во групи, патуваме во странство и карантинот го доживуваме како продолжени пролетни празници. Како генерација со претпоставена предност за социјална праведност, требаше да ја засилиме својата улога на сојузници на ранливата популација. Па сепак, пораката да останеме дома не и се допаѓа на нашата генерација.

Миленијалци, ако не можете да бидете добри сојузници, барем останете дома, за да се заштитите. Нашата ранливост на оваа болест е мит – тоа го доживеав од прва рака. Земјите во Европа и Азија известуваат за се помлади пациенти. Њујорк Тајмс оваа недела објави дека речиси 40 отсто од хоспитализираните пациенти од КОВИД-19 во САД се помлади од 54 години. Што е најлошо, кога медицинските работници се принудени да одлучуваат за тоа кој ќе живее, а кој ќе умре, нашата генерација ќе биде онаа која ќе биде избрана да живее. Значи, не само што си го ризикуваме сопственото здравје, веќе и нашата присутност во болниците ја намалува негата која другите групи може да ја добијат.

Исто така сме генерација која се одрекува од купување на здравствено осигурување, зошто е скапо, а многу од нас – вклучувајќи ме и мене – работат работи од кои често немаме корист. Често живееме во преполни станови со цимери, што значи дека нашата способност за ублажување на ризикот е помал, па мораме да се потпираме и да си веруваме едни на други. Исто така веројатно е дека ќе живееме со родителите отколку другите генерации и на тој начин може да го ризикуваме ширењето на вирусот на најдрагите лица кои имаат помали шанси да преживеат.

Миленијалците длабоко се загрижени за општото добро и социјалната праведност. Знам, зошто водам популарна серија за настани за раскрсницата на две теми. Би сакала поединците да не се соочуваат со толку голем товар на одговорност, но во недостаток на претходни и примерни акции на нашата влада, немаме друг избор. Сега е време да шетаме со разговорот. Многу нешта имаме наследено, а не можеме да ги контролираме. Се обидуваме да влијаеме таму каде што можеме.

Фиона Ловенстајн е писателка, продуцентка и инструктор по јога како и втемелувач на queer феминистичкиот велнес колектив Боди Политикс. Колумната и е објавена во Њујорк Тајмс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This