ПPВAТA СМС ПOРAКА: Билa иcпрaтeнa прeд 27 гoдини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инженерот Нил Папворт од IT компанијата SEMA ја пратил првата СМС порака пред 27 години.

Папворт, експерт за софтвер, ја пратил пораката „Честит Божик“ на 3 декември, 1992 година од компјутер, преку мрежата на Vodafone, на мобилниот телефон на тогашниот шеф на Vodafone Ричард Џарвис.

Тогаш бил создаден нов стандард за комуникација меѓу мобилните телефони.

Папворт тогаш не добил одговор, со оглед на тоа дека мобилните телефони уште не биле оспособени да „одговараат“ на СМС пораки, туку само да ги примаат.

Тој тогаш рекол дека немал претстава дека се работи за „монументален момент“.

СМС комуникацијата се развила дури неколку години подоцна, со оглед на тоа дека мобилните телефони на почетокот примарно се користеле за повици.

Во Велика Британија од 2012 година опаѓа бројот на испратени СМС пораки. Во изминатите десетина години, бројот на испратени СМС опаѓа на сметка на развивањето на апликации за допишување како Facebook Messenger, Viber и WhatsApp.

Сеприсутниот интернет кој нуди бесплатно допишување преку разните апликации дополнително ги турка СМС пораките во заборав. Денес најчесто пишуваме СМС во итни случаи или кога немаме пристап до интернет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This