Пpивeдeни двajцa дилepи вo cкoпcки Центар: Пpи извpшeн пpeтpec вo нивниот дoм билa пpoнajдeнa mapихyaнa и пapични cpeдcтвa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 17.02.2021 во 19.00 часот од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје биле лишени од слобода А.С.(25) и М.К.(20), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Имено, по претходно добиена наредба од Судија на претходна постапка, полициски службеници извршиле претрес во стан на подрачјето на Центар, каде привремено престојуваат двете лица, при што биле пронајдени марихуана, дигитална вага и парични средства.

А.С. и М.К. се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по чл.215 од Кривичниот законик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This