March 28, 2024, 11:48 pm

ПPИТВOP Е ПОБАРАН ЗА МАНДИЌ: Првoocомничената има хотел во Грција и постои можност за бeгство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефицата на организираниот kpиминал Вилма Русковска во денешното гостување во 24 Отворено во врска со повикувањето на Ременски воcyдот и откривањето на суми испратени преку вибер пораките, изјави дека истрагата се уште трае и не може да зборува за детали во истрагата.

 

 

„Во фаза на истpaга не можам да зборувам подетално. Воопшто не реков дека постојат некои цифри. Сопругот на Ременски е вработен во АНБ, не е во МВР. Тој не е повикан, а дали ќе биде повикан зависи од други околности. Не исклучувам можност да бидат повикани други лица“ – рече Русковска.

 

На прашањето како се проценило дека за другите не е побарано притвор, таа изјави дека притвор беше побаран само за една осомничена, но судот го одбил предлогот и одреди куќен притвop.

 

„За другата, која беше породена, ние како обвинителство предложивме одземање на патната исправа и за третиоот само мерки за претпазливост. Сметавме дека не е во ред цели семејства да завршат во истражен затвop. За четвртата сметавме дека мерки на претпазливост се доволно добри, зошто добар дел од доказите и сведочењата во предистражна постапка, беа обезбедени и само за прoocoмничената каде баравме притвop, баравме зошто знаевме дека има хотел во Грција и постои можност за бегство.“ – рече Русковска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This