Пpитиcoци и зakaни во тетовската бoлницa, тврди Села

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според лидерот на опозициската Алијанса за Албанците, неколку лекари пријавиле дека се врши притисок врз нив да потпишат петиција, во одбрана на еден од директорите на болницата во Тетово
Неколку лекари од Тетово се соочуваат со притисок да потпишат петиција, во одбрана на еден од директорите на болницата, по пожарот во ковид-центарот, тврди лидерот на Алијанса за албанците Зијадин Села. Тој почсчува и на случајот со тетовецот Ибин Емшиу, кој сведочеше за дел од медиумите дека е цел на закани, за да не излезе на виделина вистината за пожарот, во кој тој ги изгубил таткото и братот.

„Како да не беа доволни 14 живи запалени жртви. Владата, наместо да обезбеди праведни истраги и случајот да не се повтори, се обидува да се амнестира преку закани и уцени. Изминативе денови и понатаму се врши притисок врз семејствата на жртвите и лекарите во болницата во Тетово. Младиот Ибин Емшиу, кој ги изгуби таткото и братот во пожарот, пријавил дека му се закануваат да не прозбори и да ја каже вистината околу условите и пожарот во модуларната болница во Тетово. Од друга страна, неколку лекари пријавиле дека се врши притисок над нив да потпишат петиција, во одбрана на еден од директорите на болницата во Тетово, во ист стил како и обидот на директорите на клиниките во Скопје за спасување на Филипче“, напиша Села на Фејсбук.

Од СВР-Тетово, претходно, изјавија за „360 степени“ дека ќе ги испитаат наводите на Емшиу, во сведоштво за Дојче Веле, дека добивал закани за убиство за да не ја открие вистината за пожарот.

Во петокот, два дена по катастрофалниот пожар во модуларната болница во Тетово, оставки поднесоа директорот на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими и економскиот директор на болницата, Артан Етеми. Сепак, како што објави денеска „360 степени“, оставките на директорите од Тетовската болница досега не се стигнати во Министерството за здравство, според информациите оттаму.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This