ПPИTИCOK ПРЕД УТРЕШНОТО CBEДОЧЕЊЕ: Инcпектopи влегоа во фирмите на Камчев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од утрово во тек е полициска акција во три фирми, од кои две неодамна СДСМ ги споменуваше за наводен долг од 400.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ за финансирањето на кампањата за последните претседателските избори, дознава Канал 5.


Според нашите првични информации, инспектори има во фирмата Монт, која е дел од Орка Холдингот на Камчев. Се проверува уште една фирма, Горфактори од Шпанија, за која се уште нема информации во каква конкеција е со првите две.

Извори од МВР ја потврдуваат информацијата, а повеќе детали најавуваат за текот на денот. Канал 5 ги проверува информациите и во обвинителството.

Извори од МВР ја потврдуваат информацијата, а повеќе детали најавуваат за текот на денот. Канал 5 доби информација од обвинителството кои сметаат дека најверојатно станува збор за акција организарана од МВР, и во моментов немаат повеќе информации, но доколку има елемнти на кривично дело, ЈО ќе постапува.

Инаку, аферата се појави откако ревизорите ги објавија извештаите за претседателските избори. СДСМ, по ова ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека незаконски ја затвориле наменската сметка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This