ПPИTBOP ЗА ДЕЛЕВ, ЦВЕТКОВ И СПАСЕНОВСКИ: Љупчо Димовски, кој е пратеник во Собранието на РМ се повикува на пратенички имунитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Триесетдневен притвop попладнево добија поранешниот министер за земјоделство Михаил Цветков и заменик министерот Кристијан Делев, додека на поранешниот министер Ацо Спасеновски заради утврдени здравствени проблеми му е определена мерка куќен притвор. Одлуката за поранешниот министер Љупчо Димовски, кој е пратеник во Собранието на РМ и се повикува на пратенички имунитет, ќе биде дополнително донесена, соопшти попладнево Кривичниот суд.

– Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран kpиминал и корупција за определување мерка притвop за четири лица, судија на претходна постапка при Одделението за организиран kpиминал и kopyпција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по произнесување на лицата по однос на предлогот, а во присуство на нивни бранители и јавен обвинител како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на М.Ц. и К.Д им определи мерка притвop во траење од 30 дена додека на А.С. зарди утврдени здравствени проблеми му определи мерка куќен притвop-се наведува во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

Оттаму посочуваат дека на Љ.Д. кој е пратеник во Собранието на РМ и се повикува на пратенички имунитет тој ќе биде дополнително повикан да се прозинесе во Судот, откако ќе се создадат услови за тоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This