ПPAЗНИ ЗБОРОВИ: Најави за инвестиции има, ама инвестиции нема

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски за време на работната посета на Њујорк имаа директни средби со менаџментите на неколку американски компании, заинтересирани за инвестиции во нашата земја, соопшти Кабинетот на вицепремиерот.

Анѓушев, како што се наведува, посочи дека е задоволен од исходот на средбите и додаде дека сите компании со кои се сретнаа имаат покажано интерес за инвестирање во Македонија, а дел од нив се и блиску до носење на одлука за реализација на инвестицијата. Вицепремиерот нагласи дека со извесното членство во НАТО, нашата земја станува се поатрактивна инвестициска дестинација за компании од САД.

Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски очекува за дел од проектите за кои се разговараше во Њујорк, да се донесат одлуки во многу брз временски период, а се надева дека компаниите ќе одлучат да инвестираат токму во нашата земја, соопшти Кабинетот на вицепремиерот.

Инаку, за шест месеци од 2019 во државата се слеале само 55,6 милиони евра инвестиции, а во истиот период лани бројката изнесувала 312,7 милиони. Минатата година пак, во земјава влегоа вкупно 625 милиони евра странски директни инвестиции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This