Пpaтeницитe дeнecкa пpoдoлжyвaaт co pacпрaвaтa зa 3aкoнoт co кoj Макпетрол тpeбa дa дoбиe 33 милиoни eвpa нapoдни пapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците треба да ја продолжат расправата за законот за решавање на спорот на Владата со Макпетрол.

Собранието денеска треба да ја продолжи расправата по Предлог законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка. Пратениците по оваа точка расправаа во петокот и ноќта меѓу петок и сабота, по што во раните утрински часови по повеќе од дваесет часа седницата беше прекината.

Ова законско решение предвидува да му се признае на Макпетрол сопственост на 50 отсто од гасоводот во земјата и да му се исплати цена од 33 милиони евра.

Во текот на расправата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со говори, реплики и контрареплики го спречија донесувањето на овој закон.

Тие сметаат дека предложеното законско решение е еден од серијата закони што ја убиваат правдата и ги прекршуваат основните начела на правото.

Според нив, не може да има закон за спор зашто тој се решава со медијација и во судовите. Не смее, нагласија, Собранието да прерасне во квази суд, бидејќи тоа е надлежно само за ратификации на договори. Повикувањето на акти од минатото од 1987 година кои можат да се искористат како искуство, е недозволиво, посочија пратениците од опозицијата, а институциите не треба да се затскриваат зад законот, туку да го решат спорот на начин каде и како што треба. Тие очекуваат претседателот да се одважи и да стави вето ако овој закон сепак биде изгласан.

Пратениците од власта во дискусиите истакнаа дека проценката за вредноста на гасоводот е направена по сите стандарди од една домашна и една странска институција и е на 300 страници и оти покрај гасоводот во неа се ставени и други материјални добра и машини со што вкупната вредност е 33 милиони евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This