April 20, 2024, 10:48 am

ПPABHИТЕ ЕКСПЕРТИ МОЛЧАТ: Но Иванов немаше пpaво да ја повлече аболициjaта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нашиот Устав не дозволува ретроактивна примена на закони кои се порестриктивни од претходниот, тврди бизнисменот Роберт Милески, поранешен учесник во Шарената револуција. Тој вели дека сличен случај имало и во Словачка, и тогаш Европскиот суд во Стразбур одлучил во корист на бившиот шеф на разузнавањето, на кого се однесувал случајот.

Уставниот суд ќе оценувал дали екс етседателот Иванов пред три години имал законска основа да ги повлече аболициите.

Уставниот суд ќе оценувал дали екс петседателот Иванов пред три години имал законска основа да ги повлече…

Posted by Robert Mileski on Friday, November 29, 2019

На истава тема имам пишувано најмалку дваесетина пати, но еве да се повторам уште еднаш – Иванов НЕМАШЕ законска основа да ги повлече аболициите, затоа што тој закон беше донесен после аболирањето, а нашиот Устав забранува ретроактивност на закони кои се порестриктивни од претходниот. Ова го знае секој правник, но не го кажуваат, оти ниту тогаш, ниту сега е политички коректно, но јас не калкулирам со вистината.

Доказ дека сум во право е одлуката на Врховниот суд на Грција да не ги испорача двајцата обвинети, а објаснувањето беше токму ова – за делата за кои се барани од Македонија тие се еднаш аболицирани од претседателот на државата. Компаративен случај на нашиот има и во Словачка во врска со аболицирањето на бившиот шеф на разузнавање. Во тој случај судот во Стразбург одлучил во негова корист. Истото ќе се случи и со сите судски одлуки за кои тогаш Иванов аболицираше. Дури и Груевски ќе биде слободен.

Вистината боли, но таа е, кој сака да ја прифати – во ред, кој не сака, не мора, пишува Милески.

Тој потсетува на одлуката на Врховниот суд на Грција да не ги испорача бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски, затоа што во Македонија ќе им се суди за дело за кое се веќе еднаш аболицирани. За Врховниот суд на Грција – Грујевски и Бошкоски се помилувани од претседателот Ѓорге Иванов, а еднаш дадено помилување не може да биде отповикано. Повикувајќи се на одлуките на Европскиот суд за човекови права, за грчкиот Врховен cyд главен аргумент за да им ја уважи жaлбата и да не ги екстpaдира дома каде ќе се сочат со cyдски процеси за масовното прислушувaње беше токму помилувањето од Иванов, кој го повлече под политички притисок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This