Пpeдизвик нa Тик-Тoк oднece yштe eднa жpтвa: Дeceтгoдишнo дeтe oд Србија cлyчajнo ce oбecилo дoдeкa игpaлo игpa нa coциjaлнaтa мpeжa..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Десетгодишно момче кое вчера било пронајдено мртво во стан во Раковица, соседна Србија наводно случајно се обесилo додека играло игра на Тик-ток, јавуваат српските медиуми.

За жал, тој не е прва жртва на оваа игра, бидејќи пред неколку дена во Италија почина девојче на иста возраст, која се задушила играјќи ја токму оваа игра.

Несреќното момче е пронајдено обесено на кревет, а девојчето од Палермо е пронајдено во бањата со појас околу вратот врзан за радијатор и мобилен телефон во раката.

Според неофицијални информации, момчето било оставено самo во станот, додека неговите родители биле во продавница.

– Кога се вратија, тој не ја отвори вратата, па повикаа полиција и пожарникари кои влегоа преку терасата и го најдоа детето обесено на кревет. Од почетокот се сомневаше дека смртта настанала случајно за време на играта, и сега се верува дека тој всушност, играл предизвик за затемнување на социјалната мрежа Тик-ток – изјави извор од истрагата.

Светските медиуми апелираат да се пријави секое споделување на Blackout Challenge.

Се претпоставува дека децата прифатиле учество во „играта на задушување“, односно „играта на несвестица“.

Учесниците намерно го прекинуваат протокот на кислород, практично обидувајќи се да се задушат, со цел да предизвикаат чувство на еуфорија што едно лице го доживува пред смртта или додека не ја изгуби свеста.

Податоците од Американскиот центар за контрола и превенција на болести уште во 2008 година наведуваат дека на оваа „игра“ може да ѝ се припишат најмалку 82 смртни случаи.

Прашањето е кој излезе со ова и како оваа таканаречена опасна по живот игра остана на социјалните мрежи толку долго и зошто никој досега не ја забранил?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This