April 24, 2024, 12:26 pm

Пpeдлогот за онлајн работа на Собранието денес пред пратениците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предлогот на претседателот на Собранието за дополнување на Деловникот за работа денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Според информациите од веб страницата на Собранието, седницата е закажана во 13 часот.

Предлогот за дополнување на Деловникот за работа треба да им овозможи на пратениците кои се во изолација поради позитивен тест на КОВИД-19 или поради контакт со лице со позитивен тест, да можат да се вклучат во работа на Парламентот од далечина или онлајн.

Ова решение, смета претседателот на Собранието Талат Џафери, нема да го промени досегашниот начин на работа, туку ќе овозможи само овие пратеници да можат да се вклучат во работата на Парламентот и со тоа законодавниот дом биде целосно функционален.

Опозицијата во изминатиот период излезе со став дека не се согласува со одржување на онлајн седници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This