Пpeдлoг-мepкитe за зaштитa од Koвид 19, зaглaвиja во coбpaниcкитe лaвиpинти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Два пати се предлагаат мерки од комисијата за заразни болести во последниве две недели за да се спречи ширењето на Ковид-19 ама владата не може да ги донесе во собрание. Додека секојдневно бројките назаразени одат нагоре и се доближуваат до 500, власта не може да ги направи измените на законите со кои би се овозможило примена на мерките. Предлогот од владата за измените на законот за заштита од заразни болести министерот Филипче вели дека е во собраниска процедура но се надева дека неделава која следува ке се изгласа. Но тоа е мерката за носење на маска и на отворено.

Инаку вчера претседателот на комисијата за заразни болести и министерот открија дека новиот пакет мерки би предвидувал забрана за работа на се по 23 часот но и редуциранје на патници во јавниот превоз. за полициски час се размислува во крајна варијанта кога не би имало друго решение. Опасноста ја гледаат во преоптовареност на системот, а Според вчерашната статистика на инфективна клиника има хоспитализирано 95 пациенти, а од нив 65 се на кислородна поддшка. Во 8 ми септември се 46 пациенти од кои 2 ца се на репиратор. на инфективните одделенија во градовите низ земјава се вкупно 311 а најалармантна е состојбата во Cтрумица. Но не помалку се исполнети и другите болници.

Но додека се чекаат формално правните процедури, земјава веке го достигнува врвот на издржливоста на здравството, а бројот на заболени пред два дена го достигна врвот на дневно ниво од 535 заболени, додека пак во средата бројот на активни го надмина врвот кој беше забележан на крајот на јули и во мемоентов активно болни се 4837. Се зголемува и бројот на починати а како причина се наведува дека пациентите доцна се јавуваат во болница. Од друга страна пак болниците се преполни и пациенти сведочат за Телма дека не можат да дојдат на ред за болничко лекување. Викендов ке се чека да се види трендот на заболување па ке се одлучува како понатаму, велат од комисијата за здравство.

– Билјана Николовска

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This