Пpeкy УНИЦЕФ ќe ce peaлизиpa тpaнcпopтoт нa дeл oд вakцинитe пpoтив Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата ја усвои информацијата за вакцинацијата против ковид-19 која ги опфаќа подготвеноста на системот, улогата на УНИЦЕФ како координатор на набавки во Ковакс механизмот, директните преговори со производителите и со Европската комисија и земјите-членки на Европската унија.

„Министерството за здравство ќе треба да го извести Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ) и УНИЦЕФ (преку претставникот на УНИЦЕФ во државава и Регионалната канцеларија на УНИЦЕФ во Женева) дека Владата донесе одлука услугите поврзани со набавката на вакцини против ковид-19 во рамки на Ковакс механизмот во име на Република Северна Македонија да се вршат преку УНИЦЕФ, врз основа на позитивно мислење на Министерството за надворешни работи и Бирото за јавни набавки дека такво учество на УНИЦЕФ е можно согласно Меморандумот за разбирање меѓу УНИЦЕФ и нашата земја од 2005 година“, соопшти владината прес-служба.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This