Пpeмиepoт Заев и пpeтcтaвничкaтa нa УHДП, Caхaкjан: Haшeтo пapтнepcтвo пpoдoлжyвa, зaeдничките пpoeкти ce влoг зa coлиднa иднинa нa иднитe гeнepaции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска, на проштална средба ја прими постојаната претставничка на УНДП (Програма за развој на Обединетите нации) во земјата, Нарине Сахакјан, на која ѝ изрази благодарност за личниот ангажман и поддршката при реализирањето на многубројни успешни заеднички проекти за време на нејзиниот мандат.

Премиерот Заев потенцираше дека е особена важна поддршката на УНДП за успешно спроведување на планираните реформи во земјата, кои се важни за реализирање на нашите развојни приоритети и исполнување на евроинтегративниот процес, со крајна цел обезбедување на квалитетен живот на граѓаните.

На средбата се разговараше и беше истакната поддршката и соработката на УНДП во изработката на Националната стратегија за развој на земјата, при што беше констатирано дека продолжува посветеноста и имплементацијата на документот: „Рамка за соработка на одржлив развој на Обединетите нации” за периодот 2021-2025 година, како стратешка програмска рамка за активностите на Обединетите нации во нашата држава, во насока на постигнување на Целите за одржлив развој и Агендата 2030 на Обединетите нации.

Поздравена е меѓусебната соработка и отвореноста на Владата и институциите за унапредување на соработката, особено во проекти за побрз и одржлив развој на економијата, соработка во обезбедувањето на зелено финансирање со кое ќе се зголемат инвестициите во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во приватниот и станбениот сектор.

Соговорниците со задоволство констатираа дека соработката продолжува и УНДП останува да биде близок развоен партнер на Република Македонија во насока на остварување на националните приоритети, поддржувајќи ги процесите преку советодавна помош и механизми за ефикасност, јакнење и подобрување на капацитетите во сите приоритетни области.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This