Пpeтpecи кaj пopaнeшниoт гeн-ceк нa Bлaдa, Рашковски и „Инвока гроуп“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефицата за Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, за „360 потврди“ потврдила дека во моментот прибираат докази во рамки на предистрагата отворена за случајот со софтверот за сообраќајни прекршоци во вредност од 81 000 евра што го набави поранешниот ген-сек на Владата, Драги Рашковски.

Претреси се вршат во фирмата „Инвока гроуп“, од која Владата го набави софтверот, но и во домот на Драги Рашковски.

Рашковски наводно, софтверот за сообраќајни прекршоци го купил од „Инвока гроуп“, за потребите на Министерството за внатрешни работи, иако оттаму тврдат дека ниту знаеле за набавката ниту, пак, планираат да го користат.

Случајот го испитува и Антикорупциската комисија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This