Пpeтpec вo cкoпcки Аеродром, пpивeдeн дилep

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 12.02.2021 од страна на полициски службеници на СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје бил лишен од слобода К.Н.(20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Имено, полициските службеници, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес во домот кај К.Н., на подрачјето на Аеродром, при што биле пронајдени и одземени марихуана, спакувана во повеќе полиетиленски ќеси, дигитална вага и дробилка.

К.Н. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот до Основното јавно обвинителство Скопје против него ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This