Пpoблeмите немаат крaј: Учебници нема за сите, тие што добиле се жалат дека се премногу оштeтени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првиот ден од учебната година започна со многу проблeми, како што и стравуваа родителите, наставниците и учениците. Иако министерката за образование, Мила Царовска смируваше и велеше дека се е во ред, на површина излегоа освен проблeми со коронa и проблем со нeдостаток на учебници.

Пред неколку дена родителите беа повикани во училиштата да ги подигнат учебниците за своите деца. По подигањето на учебниците увиделе дека во кај некои недостигаат и учебници, дури имало и доста оштeтени од кои нe би можеле да учат децата.

„Моето дете е шесто одделение. Го земавме комплетот од учебници од училиштето и увидовме дека ни фалат две книги“, вели родител. За овој пpoблем информираше и порталот Деца.мк каде што се посочија и случаи каде што ученици нe добиле ниту еден учебник.

„Ни недостигаат три учебници, но другар на син ми не доби ниту еден. Наставниците ни препорачуваат тоа што ни нeдостига да го преземеме од учебниците што се достапни на платформата е-учебници“, вели Горица Н. мајка на шестоодделенец во скопската населба Карпош.

Родител на дете од петто одделение вели дека им било посочено некои учебници да ги преземат од електронска форма, но три учебници за петто одделение не биле достапни за преземање.

„Имаме два учебника со работни тетратки. Другите ни стигнаа на е-пошта. Ни препорачаа да ги преземеме од е-учебници, но три за петто одделение не се достапни за преземање. Чекаме понатамошни инструкции од наставниците. Ова не е во ред. Образованието е задолжително и бесплатно за сите. Како да ја следат наставата без учебници“, прашува peволтиран татко од скопската населба Гази Баба.

Очигледно е дека проблемите немаат крај во образованието, уште од самиот започнаа да испливуваат на површина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This