„ПPOБЛEМATИЧНИOT КАПИТЕН“ НА ИНТЕР СЕ СЕЛИ ВО НАПОЛИ: Mауро Икарди во Наполи за 70 милиони евра?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Отакако новиот тренер на Интер, Антонио Конте јасно даде до знаење дека не смета на „пpoблeмaтичниoт капитен“, сагата со Мауро Икарди очигледно е пред разврска.

Аргентинецот нема иднина во таборот на „нераѕурите“, па сега ја бара идеалната средина каде би можел да ја продолжи кариерата. Очигледно е дека Наполи прави супер тим за конечно да ја прекине доминацијата на Јувентус во Серија А, бидејќи пред потпис со тимот се и Хамес Родригез и Ирвинг „Чаки“ Лозано.

Ако тука се придодаде и Мауро Икарди, нападот на тимот ќе биде од светска класа бидејќи тука е и Лоренцо Инсиње, а де не ги заборавиме и староседелците, Дрис Мертенс, Аркадиуш Милик и Хозе Калјехон.

Според шпекулациите, Наполи е подготвен да плати 60 милиони евра плус бонуси за Аргентинецот или вкупно оклу 70 милиони евра.

Не се отфрла можноста Лоренцо Инсигње да оди во спортивниот табор како дел од трејдот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This